рада
Вид збор: Придавка
волен, се сложува
Примери:
Али си рада, девојче, вечер да дојдам.
разбелеат
Вид збор: Глагол, свршен
стане бел, побеле
Примери:
Капнало ти бело лице/ што ти толку разбелело.
разберат
Вид збор: Глагол, свршен
собере (од разни страни)
Англиски:
gather
Албански:
grumbulloj
Примери:
После ги разбрале сите свои луѓе, гости сториле за три недели.
разјурат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне брзо да трча, потера.
Примери:
Си разјурил коња.
разласкат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блеска на сите страни, дава силен отсјај.
Примери:
Разласкаа тенки пушки.
разљубат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да љуби, да сака некого или нешто.
Примери:
Или те љуба разљуби.
разнаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
узнава
Примери:
(нар. поез.) Дали си село разнаваш! или си друшки познаваш.
(се) разоспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Цврсто заспие и долго не се буди.
Примери:
Змија беше мошне разоспана, / седум пати дете не го узна.
расперчени
Вид збор: Придавка
Со расплетен перчин, со бушава коса.
Примери:
Руса глава разрушена, / разрушена, расперчена.
(се) растават
Вид збор: Глагол, свршен
(за тело) се раскости
Примери:
Црната коса и порусела, / рудата става се раставила.
расчинија
Вид збор: Глагол, свршен
За огин - распали, разгори.
Англиски:
light
Албански:
kall, ndez
Примери:
Расчинија силни огнови.
Вид збор: Глагол, несвршен
Обично заедно со глаголот порача - рачај порачај.
Вид збор: Именка, женски род
реч
Примери:
Уште реџба не изрече /го фатија ајдуците.
Вид збор: Прилог
рогато
Примери:
Што ти пленија стадото / сивото стадо рогушко / рогушко стадо калешо.
Вид збор: Придавка
роден, родевен
Примери:
ајви вие, два браќа роѓени
мн. рожби
Вид збор: Именка, женски род
род, плод
Примери:
(нар. поез.) Израсло ми е дрво зелено /...рожба родило до три јаболка.
(едн.) ругата
Вид збор: Именка, женски род
Шестмесечна или годишна плата на селски слуга.
Примери:
(нар. поез.) Му дадоа многу руга - на ден јагне, на ноќ мома.